695
Убавото време и сончевите температури ги насочија туристите од цела Македонија кон ски-центарот Попова Шапка.
На три километри пред угостителските објекти, можат да се забележат долги колони од паркирани автомобили, а на скијачките терени врие од луѓе. Кој на кафе, кој на обична прошетка, до скијачи и останати љубители на снежните спортови.
Со корона вирусот и строгите мерки на околните граници, ги насочија туристите кон домашниот туризам, што е позитивен знак, како за угостителите, така и за развој на туризмот во земјава.
Јорданчо Цветаноски