(ГАЛЕРИЈА) Трендафилов: По 21 човек сме пред газдите за да ги заштитиме работниците, да не ги исплашат

by valentina 12:28
12:28

Во 12 часот започна протестот на ССМ пред Стопанската комора на Македонија, на улиците Димитрие Чуповски и Даме Груев.

„Да не се грижат, повторно ќе бидеме 21 претставник на синдикатот онолку колку што е потребно согласно законскиот минимум за да излеземе на улица и да ги блокираме. Нема да дозволиме работниците да им мрзнат на газдите на улица, да им мрзнат на пратениците на улица и да и мрзнат на Владата на улица само за да ги блокираат како што овие ги блокираат работниците, некои 36 години, некои две години, а некои една година“, најави претседателот на ССМ Слободан Трендафилов пред протестот.

Тој појасни зошто се малку луѓе на улиците.

-Зошто сме на 2 места по 21 човек пред газдите, за да ги заштитиме работниците, затоа што ќе ги обележат, за да ги исплашат, вели Трендафилов.

Слични вести