Кривичниот суд за почетокот на март го закажа стартот на судењата против дел од полициските службеници, обвинети за поврзаност со пожарот во „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март лани во пожар загинаа 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.
Закажаните судењата, едното на 2-ри, а другото на 5-ти март, се однесуваат на полициските службеници кои се опфатени со обвинителните предлози, за кои не треба оценка од надлежен совет, односно за нив процедурата оди по скратена постапка. Во првиот случај се обвинети тројца, а во вториот девет полициски службеници.
Во првиот случај тројца полициски службеници се обвинети за кривичното дело злоупотреба на службената положба бидејќи, според Обвинителството, при изготвување на службени записници внесувале неточни податоци и овозможиле неправилно водење прекршочни постапки. Наместо на име на активниот субјект, пишувале прекршочни пријави на фирма која не е активна.
Деветтемина полициски службеници кои се гонат со другиот обвинител предлог, исто така се товарат за злоупотреба на службената положба и овластување, но за нив Обвинителството смета дека не извршиле целосна и детална проверка при издавање согласност за добивање лиценца на т.н. кабаре „Пулс“ во Кочани.