836
Во тек е судскиот процес во кој премиерот Никола Груевски го тужи лидерот на СДСМ Зоран Заев за навреда и клевета и бара обештетување од половина милион евра. На денешното рочиште двајцата се појавија во судот.
Заев пред пет месеци обвини дека премиерот Груевски лично ја продал „Македонска банка“, на српскиот бизнисмен Јовица Стефановски – Нини. Наводно, според тврдењата на СДСМ, при продажбата, премиерот добил 1,5 милиони евра во кеш.
Вчера, сведокот на обвинетиот Заев, српскиот бизнисмен Јовица Стефановиќ – Нини сведочеше во корист на Груевски и рече дека ниту го познава, ниту пак некогаш разговарал со премиерот, тогашен министер за финансии.
Фото: Томислав Георгиев
Забрането е преземање на фотографиите без дозвола од редакцијата