ГАЛЕРИЈА Скопје под полициски час, никогаш попразно

by Fokus

За првпат во историјата на Северна Македонија е воведен полициски час од 21 до 06 часот, со цел да се ограничи движењето на граѓаните во тој период, а на тој начин да се придонесе за полесно справување со корона вирусот, кој денеска ја зеде и првата жртва, 57-годишна жена од Куманово.

Во земјава, во средата, претседателот на државата Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба, но како што секојдневно растеше бројот на заразени, кој во моментот изнесува 114 заболени, така власта преземаше се поригорозни мерки.

Од тоа што можеше да се забележи на терен, Скопје никогаш не било попоразно, а на улиците можеа да се сретнат полицајци, кои ги контролираат сите и најавуваат дека од утре ќе биде уште построго, како и новинари и фоторепортери.

ФОТО Томислав ГЕОРГИЕВ

 

Поврзани новости