517
На два часа пред почетокот на натпреварот од Суперкупот на УЕФА помеѓу Манчестер Јунајтед – Реал Мадрид атмосферата почнува да се загрева низ центарот на Скопје и на плоштадот Македонија.
Доминираат навивачи на англискиот клуб, а во помал број има и навивачи на Реал Мадрид. Оние кои беа доволно среќни да стигнат до билет за натпреварот кој се очекува да биде еден од најгледаните спортски натпревари во светот за оваа година, веќе почнуваат да се упатуваат кон Телеком арената.