739
Повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми трчаа во центарот на главниот град, по траса долга вкупно два километри. Се трчаше од Градскиот плоштад кон Порта Македонија, паркот на жената борец, хотелот „Холидеј Ин“, мостот кај Министерството за надворешни работи, покрај Вардар кон Камениот мост и преку преку мостот до целта-плоштадот „Македонија“.
Трката покрај натпреварувачки имаше и забавен карактер.
Победниците беа наградении, а на најсреќните учесници преку лотарија им се исполнија новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место.
Пред и по трката се реализираше музичка програма, загревање со фитнес инструктор.