Пред Собранието денеска се одржа нов протест на родителите на деца со посебни потреби, откако пратениците не го изгласаа зголемувањето на посебниот додаток.
Родителите и децата порачаа дека во нивниот свет сите се еднакви.
Горан Камчески, кој ги организира родителите чекаше прием во Собранието, за да се сретне со претставници на владејачкото мнозинство.
-Кога минималната плата беше осум илјади денари, додатокот беше околу 4 илјади денари. А, сега минималната плата е 18 илјади денари, а додатокот е само 5 илјади денари. Како ние да преживееме со тие пари, вели Камчески за Фокус.
Токму пратениците од власта гласаа против предлогот поднесен од Левица за зголемување на посебниот додаток од 5.021 денари на 10.042 денари, посебниот додаток за самохран родител кој има дете со попреченост до 26 години од 7.531 да се зголеми на 15.063 денари, и пoсебниот додаток за материјално необезбедени родители, кои се корисници на гарантирана минимална помош за деца кои имаат попреченост до 26 години, од 6.276 денари да се зголеми на 12.552 денари.
К.С.Б.