Неколку илјади жители денеска го блокираа дел од автопатот Кичево-Охрид, кај село Ботун. Тие протестираат против изградба на депонија во село Годивје.
Денеска на протестот граѓаните порачаа дека Дебрца е папочната врвка на Охрдиското езеро и носат транспаренти: “1943 се дигнавме против фашизмот, 2018 ќе се дигнеме повторно”.
Жителите на општина Дебрца во најавата за протестот наведуваат дека Дебрца ја наследиле чиста, чиста и ќе ја оставиме, а потсетија и на убавините на овој регион, но и на значењето на Дебрца во градењето на државата, тогаш кога било најтешко.
Советот на општина Дебрца, едногласно ја отфрли одлуката за давање согласност за основање на регионална депонија и потребната инфраструктура за Југозападниот плански регион од страна на Владата на Република Македонија.