ГАЛЕРИЈА „Правдата не е пазар“ порачаа демонстрантите во маички со ликот на Фета Алими

by fokus 15:27
15:27

Пред Кривичниот суд во тек е протест против осудителната пресуда што му беше изречена на Абдулфета Алими, вработен во обезбедувањето на Собранието, а за настаните од 27 април.

Демонстрантите се собраа пред споменикот на Скендербег и маршираа до судот каде скандираа пароли со поддршка за Алими.

- Advertisements -

На нивните транспаренти пишува: „Ова не е правда“, „Слобода за Фета Алими“ и „Правдата не е пазар“.

Поврзани новости