516
Пред Кривичниот суд во тек е протест против осудителната пресуда што му беше изречена на Абдулфета Алими, вработен во обезбедувањето на Собранието, а за настаните од 27 април.
Демонстрантите се собраа пред споменикот на Скендербег и маршираа до судот каде скандираа пароли со поддршка за Алими.
На нивните транспаренти пишува: „Ова не е правда“, „Слобода за Фета Алими“ и „Правдата не е пазар“.