1.1K
Горат бараките во кругот на поранешната фабрика „Треска“, огнот зафатил и пластични материјали што предизвика густ чад во центарот на Скопје.
Од Противпожарната единица на Град Скопје за „Фокус“ потврдија дека на местото на пожарот се упатени екипи и возила од сите противпожарни станици.
На терен се екипи со шест противпожарни возила, а побарани се и дополнителни возила за гасење на пожарот.
Од МВР, пак, ни изјавија дека и полициски екипи се на терен, сообраќајот се пренасочува, се врши евакуација на населението.
Како луѓето на терен се справуваа со пожарот, може да погледнете во фотогалеријата на Фокус
ФОТО: Томислав Георгиев