Инспириран од вестите што ги прочитав за Франција, која одлучи да им дозволи на луѓето да излезат надвор за да вдомат милениче од засолништа за животни, и покрај строгите мерки на затворање во домови за борба против пандемијата COVID-19. А, наспроти многу коментари во социјалните медиуми од фрустрирани луѓе кои приговараат дека животните имаат повеќе права од луѓето за време на полицискиот час. Затоа, направив приказна која мислам дека е различна и дава поинаква димензија во карантинската перспектива.
Наидов на многу луѓе не само што се грижат за своите миленици, туку се грижат и за уличните кучиња, особено за време на 61часовниот полициски час минатиов викенд. Голема благордарност до сите кои учествуваа.
*Ниту едно животно не беше повредено во правењето на оваа приказна.
Томислав Георгиев, фоторепортер