387
Во претседателската вила на Водно во тек е официјалната церемонија на која досегашниот претседател Ѓорге Иванов му ја примопредава функцијата на Стево Пендаровски, со највисоки воени и државни почести. По тет-а-тет средбата меѓу Иванов и Пендаровски, двајцата треба да се сретнат и со вработените во претседателскиот кабинет. Исто така, предвидено е Пендаровски да има билатерални средби со претседателите Бугарија, Србија, Албанија, Косово – Радев, Вучиќ, Мета, Тачи.
Фото: Томислав Георгиев