Триесетината обичаи кои се дел од вековната традиција на Галичката свадба и оваа година беа испочитувани. Свеченоста почна со традиционалното поставување на свадбарското знаме, младоженецот беше избрчен и поворка составена од стројници тргна по невестата. Оваа година судбоносното „да“ го кажаа младенците Марина Петровска и Огнен Караѓозовски во храмот „Св. Апостол Петар и Павле“.
Неколку илјади домашни и странски посетители го проследија оваа година настанот кој говори за богатството на Мијаците, но и за македонското културно наследство.
Фото: Томислав Георгиев
Свеченоста беше заокружена со изведбата на „Невестинското“ и „Тешкото“, а додека зетот и невестата водеа оро падна уште едно запросување. Дамјан Колески клекна пред Билјана Макреска и ја побара за сопруга, а тоа потврдно одговори.
И двајцата потекнуваат од Галичник, па се надеваат дека идната година ќе бидат зетот и невестата на Галичката свадба.