1.1K
Претседателот и премиерот во друштво на своите сопруги присуствуваа на приемот во Американската амбасада што вечерва се одржа по повод нивниот национален празник – 4 Јули.
Меѓу присутните беа сегашни и поранешни функционери, лица од јавниот живот, како и претставници од дипломатскиот кор. Дрес кодот оваа година беше неформален, па можеа да се забележат секакви комбинации.
Прославата се одржа под мотото „Американски панаѓури“ бидејќи на 4 јули почнува сезоната на панаѓури од каде изникнала идејата оваа година 4 Јули во земјава да се одбележи на овој начин. САД прославува 243 годишнина од усвојувањето на Декларацијата за независност на САД.