910
Во Белград денеска се вакцинираа над 2.000 македонски државјани. Според кажувањата на дел од нив, со часови чекале пред Белградскиот саем за да дојде и нивниот ред за вакцина.
За разлика од Белград, редиците денеска беа многу помали во Ниш, каде што во организација на Стопанската комора се вакцинираа македонски бизнисмени. Тие велат дека организацијата била одлична и вакцината ја добиле за 15-на минути.
Фотографии: Томислав Георгиев