1K
Македонски бизнисмени и нивни вработени денеска се вакцинираа во Ниш, во организација на Стопанската комора. Уште една група од Македонија е планирана за вакцинација во текот на утрешниот ден.
Бизнисмените со кои разговаравме велат дека се пријатно изненадени од професионалниот однос на кој наишле, а немало ниту турканици, туку секој завршувал за 15 минути.
-Одлична организација и врвен професионален однос на медицинскиот кадар. Имаше посебна екипа која не упатуваше на потребното место, ни мереа температура, а имаше и посебна медицинска екипа за консултации. Целата процедура се завршува за 15 минути, без гужва и турканици, велат нашите соговорници.