660
Централното одбележување на Божиќ е во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде богослужеше архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан.
Службата беше проследена во присуство на голем број верници, секако, со почитување на протоколите.
По повод Божик, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква-Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упатија Божикно послание во кое им пожелуваат мир и благослов од Бога, поздравувајќи ги со величествениот торжествен поздрав – Христос се роди!
И овој пат, верниците кои го почитуваат 40-дневниот пост се причестуваа според обичајот.