Судијката Добрила Кацарска денеска ја соопшти пресудата за „27 април“, според која повеќето обвинети беа прогласени за виновни, и добија високи затворски казни, а само Игор Дурловски доби ослободителна пресуда.
Еве ги изречените казни:
Митко Чавков-18 години
Душко Лазаров-15 години
Горан Ѓошевски-Леви-15 години
Митко Пешов-15 години
Оливер Поповски-13 години
Мунир Пепиќ-15 години
Абдуљфета Алими-7 години
Оливер Радулов-10 години
Игор Дурловски- ослободителна пресуда
Јане Ченто-15 години
Игор Југ-12 години
Александар Василевски-Нинџа-8 години
Никола Митревски-Кољо-15 години
Младен Додевски-12 години
Горанче Ангеловски-12 години
Влатко Трајковски-15 години
Вилијам Михајловски-14 години
Според кривичното дело, на обвинетите им се закануваше казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор.
Судскиот процес почна во август минатата година и е еден од најголемите во поновата македонска историја. На почетокот процесот почна против 33 обвинети, кои беа извршители на упадот во парламентот и на нападите врз пратениците на актуелната власт. Но, по донесувањето на Законот за амнестија помилувани беа 15 лица.