511
Денеска во Кривичниот суд беше објавена пресудата за случајот „Титаник 2“, според која екс директорот на УБК, Сашо Мијалков, е осуден на казна затвор од три години, а три години и два месеци затвор доби лидерот на ДПА, Мендух Тачи. Поранешниот член на ДИК, Бедредин Ибраими е осуден на четири години и шест месеци затвор, а членовите Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев добија по три години затвор.
Оваа пресуда не е правосилна и обвинетите имаат право на жалба до Апелација.