Трчај бе е првата градска трка која ќе и се случи на Битола на 15-ти септември. Иницијатор е истоимената организација Трчај бе – група на неколку луѓе успешни во своите професии, но не се професионални спортисти. Она што ги поврзува е желбата за трчање.
-Ние не сме атлетски клуб. Нам не ни се најважни тие кои први ќе ја поминат целта, иако им се восхитуваме и им ракоплескаме. Секој голем напор и секое поминување низ целта се победа за сите нас. Нашата цел е да создадеме што повеќе задоволни Трчај бе вљубеници и да им помогнеме да ги поминат своите први и најбрзи километри.Ние сме тркачите на Битола и со Трчај бе создаваме нова спортска приказна за градот, велат од Трчај бе.
И така стартуваа, за денес на помалку од месец дена од трката освен рекреативни трчачи, за трката се пријави и атлетскиот крем на Македонија, така што во Битола ќе имаме и забава, но и вистински натпревар помеѓу атлетската елита.
Тимот на Трчај бе искуства собирале од слични иницијативи и организатори на настани, поврзани со трчањето во држава и во странство. Во јануари 2019 ја откриваат идејата пред јавноста и ја започнуваат кампњатата за овој спортски настан кој ќе ја растрча конечно и Битола.
-Да трчаш не е само по себе цел. Денес заборавивме да се движиме. Многу седиме, во автомобил, автобус, на работа, дома пред ТВ или компјутер или отсутни гледајќи го екранот од нашите смарт телефони.Потребно е да се потсетиме што значи движењето на животот.Сите луѓе се родени да трчаат, додаваат од Трчај бе.
Трчај бе е акција со која повторно ќе се потсетите зошто децата трчаат и без причина.
Затоа пријави се уште денес на овој линк https://smartrace.club/ и на 15ти Септември Трчај бе во Битола.