(ГАЛЕРИЈА) Дождот покажа „заби“, настрада потпорен ѕид во Пинтија

by Fokus

Денеска голем дел на Македонија беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи од дожд, град и грмотевици. И булеварите од главниот град Скопје беа преплавени од вода, отежнувајќи го сообраќајот низ метрополата.

Дождот направи штета во скопската населба Пинтија, откако на булеварот „Борис Трајковски“ се урна потпорен ѕид и за момент сообраќајот беше сопрен.

Екипи на Град Скопје со механизација работеа на расчистување на проблемот предизвикан од силните врнежи денеска.

Фото – Томислав Георгиев.

 

Поврзани новости