ГАЛЕРИЈА Бујар Османи докторираше на тема рак на дебело црево

by fokus

Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, вчера ја одбрани својата докторска дисертација на тема „карцином на колон“.

„Овој ден е круна на мојата повеќегодишна напорна работа. Науката претставува соочување со предизвици!“, напиша вицепремиерот на фејсбук.

На одбраната присуствуваше поголемиот дел од државниот врв, како премиерот, Зоран Заев, претседателот на Собранието, Талат Џафери, министри, амбасадори и пратеници. Меѓу присутните беше и претседателот на ДУИ, Али Ахмети, како и блиски пријатели и членови на фамилијата на Османи.

Премиерот Заев, му честиташе на Османи и лично и на својт фејсбук профил.

„ Гордост ми се достигнувањата на моите колеги. Чест ми е што денеска присуствував на докторската дисертација на мојот пријател и вицепремиер. Нека се множат успесите и како политичар и како доктор, честитки!“, напиша тој.

Османи е втор политичар овој месец кој стана доктор на науки, откако на почетокот на месецот својата докторска дисертација ја одбрани екс премиерот, Никола Груевски.

 

Поврзани новости