Гаќите на Роналдо недостапни за Македонците!

by Fokus
Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристиано Роналдо кој што ќе биде дел од вечерачниот спектакл на ,,Филип Втори’’ Арената, вчера, за време на своето пристигнување во Скопје, имал голема причина за славење. По долги подготовки со познати дизајнери, токму вчера била лансирана неговата модна линија на машки џинс, насловена CR7 Denim, и пуштена во продажба ширум светот, преку неговите интернет продавници.
 
Како најава за новата колекција беше пуштен и рекламен спот, во кој главната улога ја има, секако Роналдо лично.
 
Фармерките кои ги потпишува фудбалерот може да се купат по цени од 69 до 129 евра, а џинс јакните се продаваат по цена од 99 евра. Кратките џинс пантолони изнесуваат 49 евра, и засега се промовирани осум модели од истите.
 
Она што е интересно за познатата фудбалска ѕвезда, е тоа дека веќе четири години успешно продава линија на долна облека за мажи, а гаќите со неговиот потпис, кои се продаваат единечно или по три пара во пакување, се вистински хит и едни од најбараните. Преку неговата интернет продавница се нудат четири линии на долна облека, а цените се движат од 14, па се до 40 евра.
 
Сепак, ако неговите фанови од Македонија посакаат да купат од неговите колекции со гаќи, нема да можат да го сторат тоа, бидејќи нашата земја не е на листата на дестинации каде што можат да се испорачаат било кои од производите на CR7 модниот бренд.
 
На листата со земји за кои се достапни производите на линијата за долна облека на Роналдо ги нема ниту соседна Србија и Бугарија, а најблиската дестинација до која се врши испорака е Грција.
 

Колекциите на џинс, пак, се достапни за купувачите во соседна Бугарија, додека Македонија ја нема ниту на оваа листа.

Вики Клинчарова

Поврзани новости