Гајсер и советник на Груевски во претседателството на иста организација

by fokus

Лорис Гајсер, авторот на текстот кој беше денеска објавен во „Ла Верита“, заедно со видеото кое документира средба меѓу бизнисменот Орце Камчев и осомничените во „Рекет“, е поврзан со поранешен советник на Никола Груевски.

Гајсер е претседател на Паневропското движење на Словенија, дел од претседателството на меѓународната Паневропска Унија. Заедно со него, во претседателството на оваа организација е и доскорешниот македонски амбасадор во Брисел, Андреј Лепавцов и советник на поранешниот премиер Никола Груевски, пишува „360 Степени“.

На парламентарните избори во 2011 година Гајсер бил кандидат на изборите за десничарската Словенечка људска странка.

Весникот „Ла Верита“ инаку важи за близок до есктремнодесничарската партија Лига, која ја предводи актуелниот италијански министер за внатрешни работи, Матео Салвини. Салвини, пак, е познат дека има блиски врски со унгарскиот премиер, Виктор Орбан, како и рускиот претседател, Владимир Путин.

На профилот на Гајсер, пак, има фотографија каде е сликан со поранешниот претседател Ѓорге Иванов.

Поврзани новости