1.3K
Новинарот Љубомир Гајдов во гостувањето во „Само вистина“ на Канал 5 говореше за состојбата во Украина и руската инвазија која започна од крајот на минатиот месец. Како што истакна Гајдов, Путин е многу искусен и образован претседател.
„Мислам дека Путин оди по стапките на Хитлер. Лажеше неколку седмици дека нема да ја нападне Украина, како што Хитлер лажеше дека нема да ја нападне ниту Полска, ниту СССР. Тој има план со четири цели, ќе видиме дали ќе го оствари, рече Гајдов.