Претседателот на САД Џо Бајден беше во посета на поранешна термоелектрана во Масачусетс за да разговара за новите напори на неговата администрација за борба против климатските промени.
Зборувајќи за штетата предизвикана од рафинериите за нафта, Бајден се потсети на своето детство во Делавер, а потоа рече дека „тој и многу луѓе со кои пораснал сега имаат рак“.
-Мајка ми повеќе сакаше да не вози, отколку да пешачи, и погодите што се случи? Првиот мраз и знаеш што се случи? Моравме да ги ставиме бришачите за да ја извадиме црната дамка од прозорецот. Затоа јас и многумина со кои пораснав имаме рак, и затоа Делавер има највисока стапка на рак во земјата долго време – рече Бајден.
Портпаролот на Белата куќа, Ендрју Бејтс, на прашањето на „Њујорк пост“ дали американскиот претседател има рак, објасни дека пред да ја преземе функцијата претседател, Бајден имал неколку видови на рак на кожата, а кои биле третирани и отстранети.
Американската јавност е збунета од фактот дека Бајден го користел сегашното наместо минато време кога зборувал за ракот што го имал. Дополнителна конфузија е извештајот од неговиот лекар, д-р Кевин О’Конор.
Лекарот во извештајот напишал дека Бајден имал рак на кожата, но тој бил предизвикан од престојот на сонце без носење заштитен фактор, а не се споменува изложеност на хемикалии и загадување.
Во младоста Бајден работел како спасител на базен поради што постојано бил изложен на сончевите зраци.
Минатата година неговиот лекар во извештајот изјави дека „во моментов нема делови од кожата на претседателот што изгледаат сомнително“.