Гачевски по поразот од Шкендија: Господ е голем!

by Fokus

Вардар беше поразен во денешното 10. коло од Првата македонска фудбалска лига од актуелниот шампион Шкендија со 0-2.

Тимот од Тетово поведе во последните минути од исклучително сомнителен погодок, затоа што прашање е дали по ударот на Емини, топката заврши зад гол линијата на голманот на вардарци, Филип Гачевски.

Тој беше видно изреволниран од ваквиот развој на настаните на денешниот меч во Маџари.

Тој и за официјалниот сајт на Вардар уште еднаш потврди дека судиите погрешиле при одлуката за првиот погодок.

„За голот можам да кажам дека сум 100% сигурен дека топката не ја мина гол линијата, и можам за се колнам. Мора да се реагира затоа што тој момент го одлучи победникот, а може да влијае и на целото првенство.

И после натпреварот видов дека тој судија што ја донесе одлуката, не ни бил таму каде што треба за да види дали топката ја мина гол линијата. Беше сигурен, тврдеше дека е гол. Од каде таа сигурност кога го нема таму каде што треба да биде. Другиот судија, пак, гледа на друга страна. Навистина жално и срамно“, истакна Гачевски.

Поврзани новости