Габи Новак нема да пее на концертот во Скопје, оти скршила рака и колк

by Fokus

Популарната хрватска пејачка Габи Новак (87), нема да настапи на концертот ,,Памтим само сретне дане” во Скопје, кој ќе се одржи на 24-ти февруари во Македонска филхармонија. Како што појаснуваат од организацијата на настанот, таа се опоравувала од скршеници на раката и колкот, и неизвесно било кога ќе оздрави.

Но, на концертот како вокалисти ќе настапат Владо Калембер, Јурица Паѓен, Дејан Цукиќ, Аида Мушановиќ-Арсиќ, Агни Авшар и други во придружба на музичарите од Македонската Филхармонија под диригентската палка на Јосип Цвитановиќ.

Публиката ќе има можност да ужива во безвременските хитови на Парни Ваљак, Прљаво Казалиште, Нови Фосили, Сребрна Крила, Аеродром, Габи Новак, Јосипа Лисац, Тајчи, како и од авторите Зринко Тутиќ, Хусеин Хасанефендиќ-Хуса, Рајко Дујмиќ, Ѓорѓе Новковиќ, Дјони Штулиќ, Арсен Дедиќ и други, во малку поразличен аранжман, направен од Јосип Цвитановиќ, Олја Десиќ и Иван Попескиќ.

Солистите во придружба на Македонска Филхармонија, со која ќе диригира Јосип Цвитановиќ, ќе се обидат во една вечер, да направат мал пресек на хитови од Загребачката поп рок школа, како што се Памтим само сретне дане, Кошуља плава, Данас сам луда, За добра стара времена, Љубавна, Још и данас замирише трешња, Мој бијели лабуде, Голубови и многу други, информираат од Чуј и почуј продукција, кои се организатори на настанот.

Влезниците се пуштени во продажба и се продаваат по цени од 1.500 до 3.000 денари.

Вики Клинчарова

Поврзани новости