4
Групата од седумте индустриски најразвиени земји во светот (Г7), предводена од нејзиниот претседавач Џорџа Мелони, денеска објави дека ќе ја поддржува Украина се додека е потребно во војната против Русија.
Во соопштението по повод 1.000 дена откако Русија ја нападна Украина, се наведува дека земјите-членки на Г7 остануваат обединети во придонесот во борбата на Украина за суверенитет, слобода, независност, територијален интегритет и реконструкција.
„Го препознаваме и влијанието на руската агресија врз загрозените луѓе ширум светот“, се вели во соопштението, пренесе Анса.