204
Министрите за надворешни работи на земјите од Г7 најостро го осудија испраќањето ирански балистички ракети во Русија.
„Иран мора веднаш и целосно да ја прекине својата поддршка за нелегалната и неоправдана војна на Русија против Украина и да го запре таквиот трансфер на балистички ракети, беспилотни летала и слични технологии“, стои во заедничката изјава на шефовите на дипломатиите на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.
Според Г7, оружјето со кое Техеран ја снабдува Москва претставува директна закана за украинскиот народ, како и за европската и меѓународната безбедност.