Со читање на СМС пораки, од комуникацијата меѓу обвинетите, како доказен материјал на СЈО, во Кривичниот суд почна рочиштето за предметот “Титаник”.
Судијата Осман Шабани пред почетокот на судењето го прочита известувањето од Собранието на РМ дека на пратеникот Никола Груевски му е одземен имунитетот и најави дека судот ќе постапи по барањето за притвор на обвинетиот.
Во предметот „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, на кого му се суди во отсуство, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, кои се во притвор, поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, како и Мартин Протуѓер, Билјана Бришкоска-Бошквски, Илија Димовски, поранешниот градоначалник на Пустец, Едмонд Темелко и уште неколкумина други.
Од СМС комуникацијата меѓу Гордана Јанкулоска и Никола Груевски, може да се види како тие разговараат дека во МВР се уште не се направени пасошите и ако може нека побрзаат малку.
-Од Горан Трајковски. Ние утре влагаме во сите три града, добро би било да постапи и МВР, ова ми се информации од терен….- Роберт Пауновски има фирма Роби Пром и фамилија е со Љубе и Стојко Пауноски. Главен финансиер на Љубе и носител на листа во шестка. -Во план е да влеземе во село Фалише ЗЗ „Единство“ Челопек и Симопром-Сарачино, не се експонирани, но го финансираат Љубе, му пишува Јанкулоска на Груевски.
Јанкулоска го известува Груевски дека собраќајната полиција работи со полна пареа и казнува со по 300 евра пред избори, а доколку не е договорено така да се постапува можело тоа да се практикува по изборите.
-Г.Груевски ве молам помогнете ми за вработување во МВР, чекам од 2006, а имам поминато и на ОК но вработија друга. Претседателот на ОК Танаско ги пратил документите за мене, и препраќа Груевски порака на Јанкулоска од некоја Катерина Б.
Се преслушавме со Трајко и Сашо, нека му е со среќа на Владо Стојановски се додава во една од пораките.
-Горде какви се нашите планови за овде? -Премиере во контекст на нашите разговори за прием во Кардиолошкиот завод во Охрид предвидени се четири нови вработувања.- Јас ти побарав две вработувања, но заради протисокот кој го имаш ти, нека се вработат три кандидати од ВМРО и еден од кај нас партија за правдата, му препраќа порака Јанкулоска на Груевски од некого од партијата на Бојо Андрески.