Г.г. Стефан: Ватикан подава рака кон нашиот народ и држава

by fokus

Поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан оцени дека денешната посета на папата Франциск претставува признание и почит кон државата и граѓаните.

– Доаѓањето на неговата светост, пред се, го сметам како признание на Владата на Ватикан и на светата столица ватиканска, признание пред се на Република Македонија и подавање рака во овие времиња на искушение кон Република Македонија, кон македонскиот народ и кон граѓаните на Македонија. И нашата и сета црква ја држи самиот Бог. И ние свештенството и верниот народ можеме да бидеме уште подобри затоа што тоа и се очекува од нас во овие времиња што ги живееме. Искрено се трудиме да направиме што можеме повеќе за угледот и достоинството во овие времиња кога очекуваме и признавање од Цариградската патријаршија односно вселенскиот патријарх и секако прифаќање од останатите православни цркви, изјави  архиепископот Стефан за ТВ Тера по вчерашното преосветување на црковниот храм „Свети Спас“ во пелагониското село Добрушево.

Поврзани новости