541
Православните христијани денеска го одбележуваат празникот Св. Јован Крстител, кој се прославува веднаш после Богојавление – Водици. По тој повод архиепископот охридски и македонски, г.г. Стефан утрово богослужеше Златоустова литургија во црквата „Св. Јован Крстител“ во Ново Лисиче.
-Многу често разговараме за катастрофалните состојби во економијата, аграрот, сточарството и во многу други области, заборавајќи на моралната состојба на секого од нас и околу нас, истакна поглаварот на МПЦ во своето обраќање кон верниците.