82
Од понеделник синдикатот на УПОЗ при Фондот за здравствено осигурување стапува во штрајк. Ќе штрајкуваат сите подрачни единици на фондот и ќе ги извршуваат само неопходните работни задачи.
Како што најавија, за прием на документите во подрачните единици ќе биде задолжен само еден вработен.
Вработените се заблагодарија за досегашната поддршка и разбирање на граѓаните и лекарите, кои ги поддржуваат вработените во нивните барања и се на страната на работниците во ФЗОМ и имаат разбирање за нивниот проблем со платите.
Најавија прес-конференција за в понеделник во 11:30 пред просториите на Фондот.