Јубилејни 25 години Нелт, зголемени приходи и остварени нови партнерства!

by Fokus

Компанијата Нелт СТ, членка на регионалниот конгломерат Nelt Grupа, во 2023 година, кога одбележува јубилејни 25 години работа на македонскиот пазар, ќе оствари промет од над 60 милиони евра, притоа остварувајќи раст од 15% во однос на претходната година. Новите партнерства во дистрибуцијата и логистиката, со вработување на 70 нови колеги, отвораат простор за понатамошен развој и раст на препознатливоста на компанијата на пазарот на Северна Македонија.

Соработката со корпорацијата Фортенова во делот на дистрибуција на брендовите Јамница и Дијамант, заедно со почетокот на дистирбуција на брендовите Чачански чипс, Грицко и Флипс на српската компанија Chips way, ја одбележаа годината која изминува.

„Горди сме на нашиот јубилеј. Веќе 25 години постоиме на пазар полн со предизвици и сме лидери во иновации и дигитализација во делот на ланците на снабдување. Сепак, би рекол дека клучен е фокусот кон нашите вработени, кои денес ги имаме близу 300. Применуваме корпоративни вредности кои во фокусот ги ставаат луѓето и го докажуваме тоа со воведувањето на т.н. “work-life balance”  пристап кој вклучува флексибилно работно време, работа од дома и приватно осигурување за одредени работни позиции“, изјави Сашко Блажевски, извршен директор на Nelt Grupа за пазарот на Северна Македонија.

Нелт СТ денес дистрибуира глобални лидери во FMCG индустријата, како што се: P&G, Mondelez, Jaffa, Banini, Jacobs, BIC, Dr Oetker, Duracell, Sebamed и Johnson & Johnson. Покрај гореспоменатите Jamnicа, Dijamant и Chips Way, Нелт СТ го снабдува пазарот со Neoplantа, Baby Food Factory (Nutrino), и националниот лидер во својата категорија – Mama’s.

Водечката стратегија на Nelt Grupа – ACCELERATE2025 – дополнително го изостри фокусот на компанијата кон дигиталната трансформација и резултираше со лансирање на апликации и инвестиции во архитектура и алатки за управување со податоци што ги развиваме со компаниите Microsoft и SAS. Сакаме да продолжиме со инвестиции и нови вработувања во Северна Македонија и да ја зацврстиме лидерската позиција на пазарот во годините што доаѓаат“, рече Милош Јелиќ, извршен директор на Nelt Grupа.

Nelt Grupа работи со повеќе од 80 принципали и над 100 логистички клиенти преку 18 компании на 12 пазари во Адриатик регионот и Африка. Членки на Nelt Grupа се: Nelt Co, Nelt BiH, Neregelia, Nelt ST, Montenomax C&L, Java storja Srbija, Nelt Angola, Nelt Zambia, Nelt Mozambique, Nelt Albania и Nelt KS. Членки на групацијата се и Neoplanta, Baby food factory, Chips Way, Banim reklame i Čenej Agrar. Остварените консолидирани приходи на групацијата во 2022 година изнесуваат 1.165.000.000 евра.

 

Поврзани новости