Предупредување – не им давајте на мали деца да јадат чоколадни јајца, опасни се!

by Fokus

Болничарката Ники Јуркуц ги повика родителите да не им купуваат на своите деца ситни, полнети чоколадни јајца ако сакаат да избегнат инцидент со гушење. Таа тврди дека токму оваа бонбона е многу опасна.

„Мини чоколадните јајца се тврди и кружни, што се два големи фактори на ризик за гушење“, вели Јуркуц.

„И тие се со таква големина и форма што ги блокираат дишните патишта на детето“, додава таа.

Советува наместо тоа да купите шупливи чоколадни јајца, кои полесно се распаѓаат и затоа се побезбедни за јадење.

„Споделете го ова со другите родители за да ги заштитите вашите малечки овој Велигден“, порача таа.

Децата на возраст под четири години се изложени на поголем ризик од задушување.

Покрај храната, родителите треба да обрнат внимание и на мали играчки и вообичаени предмети за домаќинството што децата би можеле да ги стават во уста, да ги голтнат или да се задушат.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tiny Hearts (@tinyheartseducation)

Поврзани новости