Фуштиќ: Инфективна не го примаат 17-годишникот, не можеме да го оставиме на улица

by Fokus

Откако „Фокус“ објави дека 16-годишник е хоспитализиран на скопската Детска клиника во лоша здравствена состојба и заразен со овчи сипаници, по што побаравме одговор од актуелната директорка на клиниката, доктор Стојка Нацева-Фуштиќ, таа се јави со свој став за целата ситуација.

„Пациентот има 17 години и 15 кг, со тешка церебрална парализа, неподвижно со многу тешки деформитети. Донесен е на клиника вчера и поради респираторна инсуфициенција веднаш е интубирано и поставено на механичка вентилација.

 

Поради осипот, кој беше суспектен за варичела, воопшто не е примено на одделот за интензивна терапија, туку во контактна изолација на оддел пулмо Б. Инфектолог дојде и вчера и денес, но не го прифаќаат пациентот кај нив бидејќи е на механичка вентилација (иако имаат единица за интензивна терапија).

 

Побарајте одговор кај нив зошто не примат пациенти со инфективен осип. Не може да го оставиме на улица“, вели докторката Фуштиќ.

И.М.

Поврзани новости