Новинарот Фуркан Салиу во неговото гостување на „Инфомакс“ во саботата, ден пред да биде уапсен, рече дека во опозициската ВМРО-ДПМНЕ треба да сфатат дека државата не е ВМРО-ДПМНЕ и никогаш нема да биде.
„Тоа треба да го заборават. И 120 пратеника да им дадеме, државата не е ВМРО“ рече тој.
Новинарот додаде дека веднаш по распишувањето на изборите и изборот на техничката влада, обезбедувањето на Мицкоски се тепаше со полицијата, а на митингот во Скопје на ВМРО-ДПМНЕ беше нападнат доставувач на храна и навредувана беше новинарската екипа на ТВ24.
„Ќе продолжат со тоа. Тоа е тој наратив. Се можеме кога сме на власт. Абе не можете, сфатете. Не може против народ“ рече Салиу.
Новинарот Салиу минатата недела го објави оперативниот план на ВМРО-ДПМНЕ со кој се предвидува креирање на лажни вести, лажни анкети, но и злоупотреба на податоци од државните институции со цел добивање на гласови. Вчера попладнето тој беше уапсен на фудбалски натрепвар од страна на специјалци на ЕБР, по наредба на началници поставени од техничкиот министер за внатрешни работи поставен од ВМРО-ДПМНЕ, Панче Тошковски.