Фуере: Покрај Северна Македонија, големина мора да покаже и Софија во спорот со Скопје

by Fokus

Поранешниот амбасадор на Европската Унија (ЕУ) во Северна Македонија, Ерван Фуере, во изјава за порталот indeks.mk зборува за процесот на уставни измени во државата и за спорот меѓу Скопје и Софија.

Тој вели дека освен Северна Македонија и Софија мора да покаже големина во спорот со Скопје. „Изборите пред македонскиот народ се тешки. Ако Бугарија сака да биде запаметена како земја членка на ЕУ која ги почитува и се придржува до основните принципи на човековите права и основните вредности на кои се заснова ЕУ, тогаш мора да ги прифати и спроведе одлуките на Европскиот суд за човекови права во однос на македонското малцинство во Бугарија по одобрувањето на уставните измени од парламентот на Северна Македонија“, изјави Фуере.

Од друга страна, кратко, јасно и недвосмислено, амбасадорка на САД во земјава, Ангела Агелер исто така, во интервју за ТВ Канал 5, изјави дека подобра рамка за преговори не е можна и дека тврдењата дека некој може повторно да преговара за договорот и дека подобар договор е можен е лажна вест.

„Тоа е лажна вест дека некој може повторно да преговара за договорот постигнат минатото лето. Тоа се лажни вести. Исто така е лажна вест дека е можна подобра верзија која се уште не сме ја откриле“, изјави поранешниот американски амбасадор.

Поврзани новости