Најфудбалскиот град во Македонија, Прилеп во идната сезона ќе гледа македонски елитен фудбал, откако Победа по четири години се враќа во Првата лига.
Прилепскиот клуб денеска со 2-0 го победи Пехчево, а Беласица им помогна со тирумфот со 1-0 против Слога Виница во претпоследното коло во Втората лига – Исток.
Во Западната лига, сигурен шампион е Силекс, кој денеска го претрпе првиот пораз сезонава, и тоа од Вардар во Скопје.
Во последното коло, Силекс ја пречекува Беса и ако кратовци победат, а победи и Вардар на гостувањето кај Кораби, тогаш најтрофејниот македонски клуб ќе игра бараж за влез во елитното друштво. Во секоја друга комбинација, Вардар останува второлигаш и следната сезона.