748
Фудбалер на 32-годишна возраст од Кавадарци, кој играл за клуб од Росоман, е позитивен на корона вирус. Сите соиграчи од клубот биле исто така тестирани, а нивните резултати се негативни – информираат од Центар за јавно здравје Кавадарци.
-Пациентот е без симптоми засега, се наоѓа на домашно лекување. Тестирањето било дел од скрининг. Ги утврдуваме неговите контакти, останатите фудбалери исто така се тестирани и сите се негативни на Ковид-19 – изјавија од центарот.