787
Англиските медиуми јавија вечерва дека му е продолжен притворот на фудбалерот на Манчестер јунајтед, Мејсон Гринвуд, кој е обвинет за силување.
Повикувајќи се на соопштение од полицијата во Манчестер, медиумите наведоа дека обвинителниот акт против Гринвуд е проширен и фудбалерот се товари и за смртни закани.
Гринвуд беше уапсен минатата недела, откако неговата девојка Хериет Робсон го обвини за силување и насилно однесување.
Манчестер јунајтед соопшти дека „клубот има нулта толеранција кон насилството и оти Мејсон останува надвор од тимот“.