435
Форумот на слободоумни патриоти го повика раководството на ВМРО-ДПМНЕ да прекинат неаргументираниот напад врз обвинителката Катица Јанева, како и континуираниот неоснован притисок кој се врши врз Специјалното јавно обвинителство со помош на блиските медиуми.
„Оваа институција е формирана како последица на извештајот на ЕУ експертската група предводена од Рајнхард Прибе во кој беа нотирани клучните аномалии во македонското општество, кои се последица на десетгодишното немилосрдно владеење на оваа структура. Притоа, сакаме да поменеме дека изборот на обвинителката Јанева беше со консензус од сите политички партии учесници во процесот“, се наведува во соопштението на Форумот.