Форумот на слободоумни патриоти го поздравува донесувањето на Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите и сака да и го честита изборот на Катица Јанева за специјален јавен обвинител.
Тие сметаат дека ова е еден од клучните чекори за разрешување на долгата политичка криза која ја тресе Македонија.
– Од новото обвинителство и новиот специјален обвинител очекуваме своите обврски да ги обавува на крајно професионален начин и да постапува согласно позитивните законски прописи. Очекуваме брз и ефикасен пристап и ефикасно решавање на дилемите кои долго време ја мачат македонската јавност. Форумот на слободоумни патриоти ги става на располагање своите капацитети на новото обвинителство, а се со цел побрзо и поефикасно разрешување на кризата, а со самото тоа и нормализирање на општествените процеси во Република Македонија и враќање на евро-атланскиот пат – се наведува во нивното соопштение испратено до медиумите.