Фросина Ременски поднесе кандидатура за претседател на СДСМ

by Fokus

Фросина Ременски, поранешната министерка за труд и социјална политика,  денеска поднесе кандидатура за претседател на СДСМ.

-Ги предадов сите документи за самокандидирање за претседател на СДСМ. Очекувам во следниот период, согласно роковникот, да се утврдат кандидатите, со што би почнале активностите за претставување на кандидатите пред членовите, активистите и симпатизерите на СДСМ, изјави Ременски пред партиското седиште.

Ременски вели дека одлуката ја донела врз основа на нејзиниот целокупен општествено-политички и партиски активизам.

И Димитар Ковачевски најави дека денеска официјално ќе ја поднесе кандидатурата за претседател на СДСМ во партиското седиште.

Партијата ги повика сите заинтерсирани да се самокандидираат, а постапката започна на 27.11.2021 и ќе трае седум дена.

Поврзани новости