Фросина Ременски ќе биде конзул во Венеција

by Fokus

На 13 февруари Владата донесе одлука за генерален конзул и шеф на генералниот конзулат на Македонија во Венеција, Италија, да ја именува Фросина Ременски.

Потписник на оваа одлука е потпретседателот на Владата – Фатмир Битиќи.

Фросина Ременски е редовна професорка на Факултетот за безбедност во Скопје.

Како член на СДСМ беше пратеник, потпретседателка на Собранието и министерка за труд и социјална политика на Македонија.

Таа беше обвинета во случајот „Меѓународен сојуз“ со Боки13 но Обвинителството не успеа да го докаже обвинението па таа беше ослободена.

Поврзани новости