487
Фронтменот на групата „Продиџи“, Кит Флинт бил пронајден мртов во својот дом во Данмоу, пренесуваат светските медиуми.
Според информациите, полицијата го пронашла телото на Флинт во 8 часот утрово во неговата куќа и нема никакви сомнежи околу тоа како настапила смртта.
Флинт беше лидер на „Продиџи“ од 90-те години на минатиот век, а беше препознатлив по својот енергичен стил и панк фризури, кои го направија еден од најкарактеристичните ликови на музичката сцена.