Фронтменот на „Ганс ен роузис“ со критики до министерот за финансии на САД

by Fokus

Незадоволен од тоа како американската Влада управува со пандемијата и со кризата, пејачот на хеви-метал групата „Ганс ен роузис” – Аксл Роуз на Твитер го искритикува министерот за финансии на САД, Стивен Мнучин.

„Значи, официјално е! Што и да сме си мислеле досега за Стив Мнучин, тој е г**нар!”, напиша 58-годишниот музичар. Тој има над 1,2 милиони следачи на Твитер.

Министерот, неколку часа подоцна, му возврати со прашањето: „Што пак, Вие сте направиле за земјата?”, при што по грешка објавата ја дополни со знамето на Либерија, коешто на Твитер по малку личи на американското.

Аксл го искористи тој гаф во своја полза, па дополни: „За разлика од оваа Влада, не сум одговорен за смртта на 70.000 луѓе и за разлика од вас немам одговорна должност во Владата и не излегувам на телевизија, за да им кажувам на Американците да патуваат во САД за време на пандемијава”.

Стивен Мнучин не се впушти во натамошна преписка, но го смени либериското знаме со американското.

Поврзани новости